Имаме нов е-дневник во кој нема веќе бришење на претходните оценки, нема бришење на изостаноци. Ќе се прави и евалуација на оценките кои ги ставиле наставниците и таа бараме електронски да ја добиеме, истакна министерката за образование Весна Јаневска.
- Дигитализацијата не само што е борба против корупцијата, туку сметам дека е нешто што ќе ги олесни анализите и работата на целата администрација и ќе добиеме соодветни параметри по кои што ќе можеме да цениме. Разни обуки се спроведуваат кај наставниците и можеме да ги едуцираме како можат да се одбранат од притисоците, но во главно мислам дека тие се спремни само треба да ги растеретиме. Со кампањата „Знаењето е магија“ имавме за цел за да го подигнеме дигнитетот на наставниците и да се влијае врз родителите да се потсетат на времето кога тие учеле, рче Јаневска во Топ Тема.
Таа истакна дека училиштето е место каде треба да се надополни тоа што е пропуштено во семејството.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
