Додека во Македонија, институциите како по традиција после секои обилни врнежи од снег имаат изјави дека биле изненадени и со денови се мачат да го исчистат снегот од улиците, сообраќајните знаци и да делуваат за патиштата да бидат проодни. Во Мадрид веќе применуваат иновативни решенија, бидејки во зима, ако е многу ладно, мразот или снегот можат да ги покријат сообраќајните знаци, правејќи ги бескорисни кога ќе се намали можноста за да се види што истите сигнализираат.

Имено, за да се реши овој проблем, сообраќајни знаци што го топат мразот и снегот ќе бидат тестирани во областа на главниот град на Шпанија, Мадрид. Тие се направени од материјали што можат да ја зголемат температурата, во комбинација со соларни панели, што им овозможува да се движат од -10ºC на 20ºC за само минута и пол, топејќи го мразот или снегот што се формира на нив, објави ТелеМадрид.
Најпрво, сообраќајните служби ќе дистрибуираат 18 уреди на различни точки од регионалната патна мрежа. Освен овие сигнални знаци, ќе биде тестиран и систем од автономни и безжични сензори со можност за известување за моменталната временска состојба на патот.

-
Знакoт ќе биде видлив и при снег/мраз — што значи помала шанса да „прескокнете“ предупредување затоа што знак е покриен.
-
Возењето во зима може да биде покомфорно и побезбедно, особено на патишта каде што видливоста често е нарушена.
-
Транспортните службеници ќе имаат подобра временска и патна контрола — информациите од сензорите може да помогнат да се предвидат критични моменти и навремено да се интервенира.

Овој систем ќе биде дел од Планот за зимско време 2025/26 година, кој вклучува повеќе од 6.600 лица, 760 возила и 227 снегочистачи за зајакнување на безбедноста на 2.500 км регионални патишта.

Ако се покаже како успешен, овој систем властите размислуваат да го применат и во други региони на Шпанија — особено на места каде што мразот и снегот често предизвикуваат проблеми.
К.К.

