Вести Свет

Нафта, воен арсенал и геополитика – мотиви на посетата на Путин на Индија

Рускиот Претседател, Владимир Путин, пристигна во дводневна посета на Индија, каде со срдечна прегратка го пречека Премиерот Нарендра Моди пред редовниот годишен самит на двете држави.

Делхи и Москва ќе потпишат повеќе договори во текот на посетата на Путин, која се случува неколку месеци откако САД го зголемија притисокот врз Индија да престане да купува Руска нафта.

Индија и Русија се блиски сојузници повеќе децении.

Но, зошто е Индија важен партнер на Кремљ? За почетокот, станува збор за огромен пазар за руските производи, со население од речиси милијарда и половина. Со раст од над 8 проценти, Индија е најбргу растечката економија во светот. Станува збор за земја која исклучително атрактивна за рускиот извоз – особено на нафтата. Индија е третиот најголем корисник на сирова нафта во светот и купува огромни количини од ова фосилно гориво од Русија. Но, ова не е беше случајот отсекогаш. Пред руската инвазија на Украина, само 2,5 проценти од индискиот увоз на нафта беше од Русија.

Овој процент драматично се зголеми на 35 отсто, откако Индија го искористи исклучително високиот попуст кој го доби на руската нафта, заради санкциите против официјална Москва и ограничениот пристап до Европските пазари.

Индија можеби беше задоволна од ваквиот привилегиран статус, но САД секако не беа.

Администрацијата на Трамп воведе дополнителни 25 проценти тарифи на увозот од Индија, тврдејќи дека со купувањето нафта од Русија, Индија му овозможува на Кремљ да ја финансира војната против Украина.

Индискиот увоз на руската нафта оттогаш се намали, но Путин секако ќе се обиде да ги убеди Индијците да продолжат да купуваат.

За официјална Москва, продажбата на оружје за Индија е уште еден приоритет и тоа е така уште од времето на Советскиот Сојуз.

Пред посетата на Путин, имаше информации дека Индија планира да купи дел од најмодерните руски борбени авиони и системите за против-воздушна одбрана.

Русија, соочена со недостаток од работна сила, на Индија гледа и како важен извор на квалификувана работна сила.

Но, во односите меѓу Индија и Русија секако има и геополитика.

Кремљ и Путин најмногу сакаат на Западот да му покажат дека нивните напори да ја изолираат Русија заради војната во Украина доживеале неуспех.

Посетата на Индија и средбата со Моди е еден од начините тоа да се направи.

Истото важи и за посетата на Кина и разговорите со Ши Џинпинг, што Путин го направи пред три месеци. Тогаш исто се сретна и со Моди. Сликата од тројцата насмеани лидери како пријателски разговараат испраќа јасна порака дека и покрај инвазијата на Украина, официјална Москва има силни сојузници кои го споделуваат концептот на „мулти-поларен“ свет.

За Индија, посетата на Путин е можност на дело да го тестира својот концепт на стратешка автономија. Како да ги одржува и развива односите со Русија, но и да не ги налути западните сојузници, САД и Европа.

Вториот приоритет на Моди е да ги зајакне трговските односи со Русија.

Билатералната трговија меѓу Индија и Русија на крајот на март оваа година, се зголеми на 68,72 милијарди долари, од само 8,1 милијарди во 2020-тата година.

Но, ова е пред се резултат на драстичното зголемување на индискиот увоз на руска нафта. Тој увоз трговската рамнотежа ја пренасочи во корист на Русија и тоа е нешто што Моди би сакал да го корегира.

Откако индиските фирми го намалија купувањето нафта од Русија, за да ги избегнат американските санкции, двете земји ќе бараат други области да ја засилат трговијата.

Одбраната е најлесниот избор. Индискиот увоз на оружје од Русија се намали на 36% меѓу 2020-та и 2024-та година, за разлика од 72% во периодот од 2010-та до 2015-та и 55% меѓу 2015-та и 2019-та, според меѓународниот институт за мировните истражувања од Стокхолм.

Во најголем дел ова е последица на обидот на Индија да го диверзифицира своето одбранбено портфолио и да го зголеми домашното производство.

Но, поблиската анализа открива поинаква приказна. Неколку оддели од Индиската армија и натаму се многу зависни од Русија.

Најголем дел од индиските воздушни сили користат руските борбени авиони Сухои-30.

Се навестува дека Индија сака да купи од руските против воздушни системи С-500 и петтата генерација на борбените авиони Су-57.

Но, Моди исто така сака Руската економија да отвори повеќе простор за индиските производи, во обид да ја корегира масовната трговска нерамнотежа.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе