Состанокот со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател, Доналд Трамп, беше многу корисен, рече рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Индија Тудеј“ (India Today). Путин рече дека предлозите кои ги донеле американските претставници во Москва се засновани на договорите меѓу него и Трамп на Алјаска. Притоа нагласи и оти постигнувањето на консензус е „тешка задача“.
Американската страна поделила 27 точки од планот на Трамп во четири пакети и предложи да се разговара одвоено за нив, соопшти Путин кој додаде дека морал да минува преку секоја точка поради што и состанокот со претставниците на САД траел толку долго, околу пет часа.
„Имаше прашања со кои Русија не се согласуваше, но двете страни разговараа и за нив“, наведе рускиот претседател.
Тој истакна дека жителите на Доњецк и на Луганск не сакале да живеат со Украина и дека тоа го изразиле на референдум.
„Русија ѝ предложи на Украина да да ги повлече своите трупи од Донбас и да не почнува воени дејствија, но Киев избрал да војува“, изјави Путин и порача дека „Русија ќе ги ослободи Донбас и Новорусија во секој случај, преку воен или некој друг начин“.
Трамп: Владимир Путин сака мир, таков впечаток стекнале Виткоф и Кушнер во Москва
