Новоизбраниот претседател на ДКСК, Адем Чучуљ денеска во Собрание дава свечена заклетва откако вчера едногласно беше потврден како човек со најголема доверба за челната позиција од каде треба да се бори против корупцијата во земјава.
Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и речиси две децении работи како генерален секретар на Комисијата.
Неговото долгогодишно искуство во борбата против корупцијата и разбирањето на судирот на интереси се оценети како клучни предности за водството на ДКСК.
Со 96,5 бодови од Комисијата за селекција, Чучуљ ја доби највисоката оценка за својата професионална кариера и визијата за иднината на ДКСК.
Нов човек на ДКСК се бира откако претходниот претседател, Татјана димитровска си поднесе оставка од функцијата бидејќи е обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службени податоци и фалсификување исправа.
За денеска беше најавено рочиште и за нејзиониот случај но последните информации се дека тоа ќе биде одложено бидејќи Апелација се уште не одлучила по жалбата која се однесува на надлежноста на судот.
