Вести Македонија Топ вести

Милион денари за бизнис со вештачка интелигенција: Избран победник на „Средношколец милионер“

Проектот „Средношколец милионер“, организиран од Brainster групацијата, го доби својот победник по два месеци натпревар и разгледување на 438 бизнис идеи од средните училишта во Македонија. Целта на проектот беше да се додели 1 милион денари на најдобрата бизнис идеја со најголем потенцијал.

Победници и добитници на милион денари се средношколците од Битола Иван Секуловски, Јован Талески и Марио Рабаџиевски. Нивната идеја, „Систем 4“, е систем базиран на вештачка интелигенција наменет за луксузни ресторани и хотели. Системот нуди три дигитални решенија, вклучувајќи телефонски агент кој прима повици и прави резервации, чатбот сличен на ChatGPT, но персонализиран за хотелот, и веб-страна изградена со AI алатки.

Тимот одлучи целата награда да ја инвестира во понатамошен развој на својот бизнис.
Ања Марија Макеска од Brainster, дел од жирито, посочи дека „Систем 4“ доминирал поради фокусот на вештачката интелигенција и потенцијалот за голем профит.

Второто место го освои тимот на Давид Милошоски од Скопје со проектот „Памет пакет“. Ова е едукативна кутија која го трансформира училишниот материјал во интерактивно и забавно искуство преку практични проекти, експерименти и стрип приказни.

Инвеститорите, препознавајќи го потенцијалот во решавањето на проблемите во основното образование, му понудија на тимот партнерство од 6.000 евра за 12% од бизнисот, понуда за која тимот ќе размисли.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе