Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово.
Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата.
Засега нема дополнителни информации за каков вид сообраќајна несреќа точно станува збор а се очекуваат по завршување на увидот.
Н.И
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
