Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи потпишани од неговиот претходник Џо Бајден, потпишани со автопен, односно уред за автоматско потпишување. Според Трамп, станува збор за дури 92 проценти од таквите документи, а својата одлука ја сподели на платформата „Вистина“.
„Секој документ потпишан од Поспаниот Џо Бајден со автопен, што беше приближно 92% од нив, со ова се поништува и нема натамошна сила или ефект. Автопенот не може да се користи, освен ако не е посебно овластен од претседателот на САД. Радикалните левичарски луди луѓе што го опкружуваа Бајден околу прекрасната Резолут Биро во Овалната соба го лишија од претседателската функција. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и сè друго што не е директно потпишано од Нечесниот Џо Бајден, бидејќи луѓето што го управуваа автопенот го сторија тоа нелегално. Џо Бајден не беше вклучен во процесот на автопен и, ако каже дека бил, ќе биде обвинет за лажно сведочење. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, напиша Трамп во објавата.

