Вести Свет Топ вести

Андреј Јермак, вториот најмоќен човек во Украина, поднесе оставка – Зеленски ја потврди и најави „ресетирање на кабинетот“

Андреј Јермај, кој беше шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Одлуката следува по претресот на неговите простории од агенти на Националната антикорупциска канцеларија (НАБУ) и се случува во ек на најголемиот корупциски скандал што ја тресе државата во мандатот на Зеленски. Оставката на Јермак ја потврди и самиот Зеленски кој најави „ресетирање на претседателскиот кабинет“.

Во центарот на аферата е државната нуклеарна компанија Енергоатом, откако НАБУ претходно овој месец обвини осум осомничени лица. Како лидер на групата, истражителите го именуваа Тимур Миндич кој важи за еден од најблиските соработници на Зеленски.

Двајца други службеници кои се вмешани во скандалот, министерот за правосудство Херман Халушченко и министерката за енергетика, Светлана Хринчук беа разрешени од функциите на 19 ноември, но против нив сè уште не е подигнато обвинение. Со истрагата е опфатен и Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, но и тој досега не е обвинет. Во меѓувреме, Миндич избега од Украина пред подигнување на обвинението. Зеленски го санкционира и распиша потерница по него.

С.Д.

Фото: screenshot/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе