Вести Македонија Топ вести

Андоновска: Најден Стафулококус ауреус во нос на вработена во ОУ „Димо Хаџи Димов“, норовирус кај едно од децата

Во нос на вработена во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е пронајдена Стафулококус ауреус, кај едно од децата е најден норовирус, сподели директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска и додаде дека на три чешми се најдени бактерии од групата Ентеробактериаце грам-негативна бактерија.

Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави и плус една наставничка која се пожалила на стомачни тегоби. Потенцира дека во Детската клиниката биле сместени пет дечиња, а денеска се донесени уште две. Информира дека сите деца се наоѓаат во добра здравствена состојба и се стабилни. Таа соопшти дека по координација со Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) разговарале дека постојат епидемиолошки индикации за вонредна дезинфекција во училиштето за што се прават подготовки за што поскоро да се реализира.

Андоновска истакна дека од земените брисеви од работните површини, од кваките, од чешмите, од садовите во кои јаделе и од пултот, од девет земени површини три се веќе позитивни, т.е. позитивни се чешмите. Потенцира дека на овие површини најдени се бактерии од групата Ентеробактериаце.

„Тоа се грам-негативни бактерии коишто исто така можат да дадат ваква симптоматологија како што има клиничка слика на веќе заболените. Значи, тие можат да дадат ваква клиничка слика и укажува на нехигиена. Едната чешма е во кујната, другите две се во училница. Понатаму, од три вработени во кујната земени се брисеви од раце, тие се микробиолошки во ред. Земени се брисеви од нос и од грло. Исто така, од овие три вработени, за две брисевите од нос и грло се микробиолошки во ред, но кај едната од вработените во носот е најден Стафулококус ауреус, којшто исто така може да даде ваква симптоматологија. Вода е земена од шест чешми, испитана е микробиолошки, и испитана физичко-хемиски и испитана е за тешки метали. Досега микробиолошки морам да кажам дека задоволува водата, но сепак ќе почекаме бидејќи по протокол е уште еден ден да почекаме за да бидеме сигурни во резултатот“, рече директорката.

Освен овие земени мостри, на инсистирање на Институтот, во соработка со Детската клиника побарале дополнителен материјал од фецес и брисеви од грло и нос од децата сместени во болница. Засега до нив пристигнале материјали за две дечиња од фецес, каде што едно од децата е позитивно на норовирус. Од досега изработени резултати од земените мостри покажуваат дека млекото, муслите и кроасанот засега микробиолошки ги задоволуваат условите.

Андоновска нагласи дека ИЈЗ ќе иницира промена на законски и подзаконски решенија за унапредување на хигиената и состојбата во градинките и училиштата. Соопшти дека во текот на вчерашниот ден се земени примероци од кујните на девет други училишта и оти резултатите сè уште се работат.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе