Вести Македонија Најважни

Пензиите во политички оган: Обвинувања и негирање на релација Влада – Уставен суд

Од собраниската говорница премиерот предупреди – пензионерите се обесправени и ќе останат без покачувањето на пензиите. Уставен суд експресно му возврати дека сѐ уште нема никаква одлука.

Ова следува една недела откако судот одлучи да отвори предмет за линеарното зголемување на пензиите и на сопствена иницијатива да преиспитува дали зголемувањето од вкупно две илјади денари е во согласност со Уставот.

На денешните пратенички прашања во Собранието, претседателот на Владата, Мицкоски, испрати низа обвинувања на адреса на судијата-известител Добрила Кацарска.

„Таа судијка за којашто сите зборуваме, а којашто беше архетип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка којашто беше вториот столб на тој архетип на неправдата во судството и коишто соучествуваа во онаа чанта од брендот „Луј Витон“, се тие на коишто денеска им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите. 70% од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец поради оваа иницијатива, на оваа судијка којашто е дел од Уставниот суд“, кажа премиерот Мицкоски. 

Уставниот суд веќе се огласи и ги негираше обвинувањата од страна на премиерот – велат дека сѐ уште нема одлука за линеарното зголемување на пензиите, односно за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Претходно, на пензионерите линеарно им беа зголемени пензиите во два наврати за вкупно 5.000 денари, но ова веќе е застарен предмет.

„Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање“, се вели во соопштението од Уставниот суд. 

Со измените на законот е вметната одредба и дека пензиите се исплаќаат на територијата на државата. Оние кои живеат во странство ја оспорија ваквата одлука па Уставниот суд и за ова има добиено иницијатива, но за таа допрва ќе одлучува.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе