Вести Македонија

Додека се чекаат анкетни, закажана редовна комисија за кочанската трагедија

Родителите на загинатите деца во кочанската трагедија, ќе добијат шанса да се обратат пред собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права. Откако поднесоа претставка, претседателот на комисијата, Димитар Апасиев, закажа седница на 9 декември, за да не се преклопи со судските рочишта.

Се работи за редовна седница што комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани. На неа е поканет целиот државен врв: претседателот и потпретседателите на Собранието, премиерот, претседателот на државата, министерот за внатрешни работи и координаторите на пратеничките групи.

Во однос на укажувањата од експерти, дека Парламентот не смее да се меша и расправа додека трае судската постапка, Апасиев вели дека ова не е мешање, затоа што ќе се утврдува само политичката  одговорност и институционалните пропусти што доведоа до трагедијата.Се очекува и да се понудат законски измени.

Но доколку мнозинството пратеници не се појават на седницата, таа нема да има кворум за работа и ќе се прекине.

Од ВМРО-ДПМНЕ, кои и самите поднесоа барање за анкетна комисија, не сакаа да ја коментираат денешната иницијатива. Од „Вреди„, исто така нема став за оваа комисија. Само соопштија дека поддржуваат формирање на анкетната комисија, на која ќе се расправа и за случаите „Дурмо Турс„,  „Беса Транс„ и модуларната болница, затоа што сметаат дека „само таков сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи“.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе