Вести Свет

САД привремено ги суспендираа сите имиграциски барања од Авганистанци, откако авганистански државјанин пукаше близу Белата куќа

САД привремено ја суспендираа обработката на сите имиграциски барања од Авганистанци, откако авганистански државјанин беше идентификуван како осомничен за пукањето во кое двајца припадници на Националната гарда беа критично повредени близу Белата куќа.

Одлуката е донесена додека трае прегледот на „безбедносните протоколи“ на имиграциските програми… Осомничениот, кој пристигнал во САД од Авганистан во септември 2021 година, имал одобрено азилско барање во 2024 година.

Претседателот Доналд Трамп го опиша нападот како „терористички акт“ и најави дека ќе се преземат мерки против странци кои „не припаѓаат во земјата“. Пукањето се случи вчера попладне, додека припадниците на Националната гарда биле на редовна патрола.

Осомничениот бил задржан до пристигнувањето на полицијата, а бил и ранет при апсењето. По инцидентот, Трамп најави повторно разгледување на сите авганистански имигранти кои пристигнале во САД под администрацијата на Бајден.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе