Вести Економија Најважни

Граѓаните во исчекување – денеска ќе се знае каква цена на струјата скрои владата

Денеска ќе се знае дали по Нова година ќе трошиме исто струја, а ќе плаќаме повеќе или помалку. Владата ја скрои новата цена по која ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, но до денес се чува во влдина фиока. Премиерот уверува дека при носењето на одлуката се внимавало да се зачува стандардот на граѓаните.

„Тоа е одлука на затворена седница на Влада. Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу 100-тина евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година, така што во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски

До крајот на неделава и регулаторите треба да ја донесат новата цена за преносот и дистрибуцијата, ставка која е дел од сметките за електрична енергија.

К.К.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе