Седум од осум згради на комплексот Ванг Фук Корт во Хонг Конг во пламен. Ситуацијата е драматична, а во гаснењето на пожарот учествуваат 128 противпожарни возила и 57 на Итната помош, а на терен се ангажирани вкупно 76 пожарникари. Досега се потврдени 13 смртни случаи, меѓу кои пожарникар, над 10 лица се повредени.
Пожарот бил пријавен во противпожарната станица околу 14:51 часот, а четири часа подоцна алармот е подигната на петто ниво, највисоко во градот. Поради пожарот, итно е евакуирано населението во привремени засолништа
Ванг Фук Корт е еден од многуте станбени комплекси во Хонг Конг кој е едно од најгусто населените подрачја во светот. Во округот Таи По, во близина на границата со Кина, живеат околу 300.000 луѓе.
