Вести Свет

Контроверзната хуманитарна фондација за Газа, поддржана од САД, престана со својата работа

По речиси шестмесечна работа, контроверзната хуманитарна фондација за Газа, поддржана од САД и Израел, соопшти дека ги завршува своите операции на палестинските територии.

Организацијата веќе ги суспендираше своите три локации за дистрибуција на храна во Газа, откако договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел стапи на сила пред шест недели.

Целта на оваа организација беше да ги игнорира ОН како главен снабдувач со храна за населението во Газа. Обединетите Нации и другите хуманитарни организации одбија да соработуваат со нејзиниот систем, објаснувајќи дека таа работи неетички и небезбедно. Стотици палестинци беа убиени додека бараа храна во хаотичните сцени во близината на локациите каде ткн хуманитарна фондација за Газа дистрибуираше храна, во нападите кои изведоа израелските сили.

Организацијата тврди дека ги завршила своите операции затоа што успешно ја завршила својата вонредна мисија, со наводното дистрибуирање три милиони пакети храна за Палестинците, кои според нив биле еквивалентни на 187 оброци за жителите на Газа.

Американскиот Стејт Департмент, дури тврди дека моделот според кој работела хуманитарната фондација за Газа, го спречил Хамас да ја краде храната и да профитира од нејзиното распределување, со што ги принудил и да се согласат за прекин на огнот.

Претставниците на Хамас го поздравија прекинот на работа на оваа организација, пренесе Ројтер, оценувајќи дека нејзините припадници треба да понесат одговорност за сето зло кое го направиле врз Палестинците.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе