Немам амбиции да се вратам во ДУИ, рече Изет Меџити, градоначалник на Чаир, во емисијата „Директно“ на Телма ТВ.
„Прво, јас не излегов од ДУИ ад хок, јас излегов од ДУИ кога беа најсилни, кога имаа апсолутна власт, имаа и премиер. Не им фалеше ништо во однос на власта и позициите. Но, јас лично, имав доволно простор, индивидуално бев шеф на парламентарна група, потпретседател на ДУИ, претседател на огранокот во Чаир. Тоа не беше лично и не излегов од таму ад хок, од нервоза, туку имав една битка околу седум до осум години“, изјави Меџити.
Првично, вели тој, битката била да се одлепи ДУИ од поранешното ВМРО и Груевски на времето и да се отвори ново поглавје за државата и за ДУИ.
„Но, за жал, констатираме дека сè уште се во тие релации, конекции. На крај се обидов со креативно решение, да делувам како фракција во ДУИ; со различно мислење за некои работи. Кога и тоа се затвори како прашање, немаше можност, не дозволи Ахмети, по секоја цена одеше по паметот на Груби и другите, тогаш јавно излегов од ДУИ и се нафатив на ова. Кога сме веќе, тоа за мене е затворено поглавје, затворена книга, јас сум дел од Влен и работиме на унифицирање на Вленда биде еден политички субјект“, изјави Меџити.
С.Д.
