Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица во северниот украински регион Суми, во кој се повредени најмалку 30 луѓе.
„Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, во областа Суми. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат. Досега знаеме за најмалку 30 жртви“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на платформата Икс.
Зеленски додаде дека на местото на ударот имало и вработени во украинските железници и патници.
