Вести Македонија

Гласачкото ливче доби лик и содржина, заштитите се носат во тајност

Гласачкото ливче за градоначалник ќе содржи назив, број, место, општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, како и реден број и име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција.

Истите податоци ќе ги содржат и ливчињата за членови на советите, со тоа што на нив ќе ги има името и презимето на носителот на листата.

Ниту едно гласачко ливче нема да може да биде идентификувано според сериски број затоа што тој  ќе стои на делот кој останува на блокот кога ќе се искине ливчето.

Изгледот на гласачките ливчиња денеска беше утврден од страна на членовите на ДИК, кои за заштитите на ливчињата се договараа на затворена седница.

  • Ова мораме да го направиме од безбедносни причини, затоа што сите заштитни механизми треба да останат тајна. На сите избори, овој дел од седницата е затворен за јавноста, појасни Борис Кондарко, претседател на ДИК.

Членовите на ДИК денеска го усвоија и  Предлог прирачникот за пополнување на записниците за образецот број 16.

Станува збор за засписниците од избирачките одбори, а прирачникот служи за појаснување, прецизирање и поедноставување на нивната работа при утврдување на резултатите од гласањето.

Во него, на детален начин е наброено како се пополнува записникот и кои се правата на избирачките одбори и на овластените претставници на самото избирачко место.

Усвоени се и неколку предлог обрасци, а се одобрени и две барања за акредитации за набљудување на изборите: од Здружение за општествен развој – Тетово, кое бара пет набљудувачи, како и од Француската Амбасада во земјава, која бара девет набљудувачи.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе