Вести Свет Топ вести

Закана од дронови над Минхен откажа 17 летови-во градот се уште трае Октоберфест

Забележале дронови и ги откажале летовите на Летовите на аеродромот во Минхен ова рано  утрово го соопштија аеродромските власти и германската полиција.

Според полицијата, неколку лица пријавиле дека виделе дрон во близина на аеродромот, а подоцна биле забележани и над самиот аеродромски простор. Првично не било јасно дали станува збор за еден или повеќе дронови.

Поради безбедносни причини, пистите на аеродромот биле затворени доцна синоќа. Како што соопштија од аеродромот, безбедноста на патниците е најголем приоритет во случаи кога ќе се забележи дрон.

Вкупно 17 летови не можеле да полетаат, што погоди речиси 3.000 патници. Аеродромот и авиокомпаниите „веднаш“ се погрижиле за патниците во рамките на терминалот.

„Поставени се војнички кревети и обезбедени се ќебиња, пијалаци и закуски“, се наведува во соопштението.

Дополнително, петнаесет слетувања закажани за Минхен биле пренасочени кон аеродромите во Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт.

Државни и федерални службеници, како и полициски хеликоптер, го пребарале подрачјето во потрага по дронови и сомнителни лица, но не пронашле ништо.

Инцидентот се случува додека во Минхен се одржува светски познатиот пивски фестивал Октоберфест, кој трае до недела.

Нарушувањата доаѓаат во време кога Европа е во состојба на зголемена готовност по неодамнешните инциденти со дронови, вклучувајќи ги и забелешките над критична инфраструктура во северна Германија, како и околу аеродроми во Данска и над воената база Орланд во Норвешка, каде што се стационирани борбените авиони Ф-35 произведени во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе