Локалната самоуправа во Македонија има четири карактеристики – прво, и во социјализмот и сега, е политичка категорија, не учествува во суверенитетот на државата, уставно е детерминирана и што е многу важно, целосно е зависна од централната власт и со децентрализацијата, изјави Марјан Ѓорчев, поранешен градоначалник на Кисела Вода, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„И има еден момент, каде што планирањето и урбанизмот, преку осумте плански региони, се преточи во еден вид на коректив на тоа што централната власт го има зацртано како закони. И тука треба да продолжиме. Планските региони да имаат поголема ингеренција, не само во планирањето и урбанизација на просторот, и во сите други сегменти на општествениот живот“, вели Ѓорчев.
С.Д.
