На најсветиот еврејски ден се случи напад пред синагога во Манчестер при што загинаа две лица, а три се тешко ранети во напад со автомобил и крваво бодење. Се верува дека напаѓачот е застрелан од страна на полицијата.
На место на настанот е ангажирана единица за деактивирање на бомби. Голем број луѓе се молеле во синагогата во чест на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Полицијата била повикана во синагогата Хитон Парк во утринските часови откако сведок на настанот го пријавил случајот.
Британскиот премиер Кир Стармер се врати порано од состанокот на политичката заедница во Копехаген и изјави дека ќе има дополнителни полициски сили распоредени во синагогите низ целата земја.
Т.Д.
