Израелската морнарица ја пресретна флотата бродови со хуманитарна помош која пловеше кон Газа. Беше составена од околу 50 бродови на кои пловеа 500 активисти. Меѓу уапсените се шведската активистка Грета Тунберг, внукот на Нелсон Мандела – Мандла Мандела, и неколку европски пратеници. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите биле пресретнати поради приближување до „активна борбена зона“, а патниците се пренесуваат во израелско пристаниште. Од екипажот тврдат дека интервенцијата се случила 70 наутички милји од брегот на Газа и ја опишуваат како „нелегална“ и „акција на очај“. Активистите обвинија дека израелската морнарица намерно оштетила комуникациска опрема и користела водени топови. Израел, пак, тврди дека флотата ја крши „законската поморска блокада“ на Газа, и нуди доставување на помошта преку алтернативни канали. Ваквата акција предизвика меѓународни реакции – Колумбија ги протера израелските дипломати и го раскина трговскиот договор со Израел, Турција го осуди пресретнувањето како „тероризам“, а Ирска побара почитување на меѓународното право. Организаторите најавија дека останатите бродови ќе продолжат кон Газа, и покрај притисоците. Израелската влада акцијата ја нарече „провокација“, додека Грета Тунберг одговори дека „никој не би го ризикувал својот живот за слава“.
The Global Sumud Flotilla boats Florida and All In have been seized by occupation forces, with all crew members taken. pic.twitter.com/bJ2rtVbiOK
— Ounka (@OunkaOnX) October 2, 2025
