Вести Свет

(Фото) Со години силувале две малолетнички – седум Пакистанци осудени на 174 години затвор во Англија

Затворски казни од вкупно 174 години се изречени за седум мажи од пакистанско потекло за сексуално искористувале на две малолетнички на северот на Англија, јавува Ројтерс. Во јуни оваа година тие беа прогласени за виновни за 50 кривични дела, вклучително и 30 случаи на силување кои се случиле во периодот меѓу 2001 година и 2006 година. За двете малолетнички во процесот пред судот се користеа називите „девојка А“ и „девојка Б“.

Четворица од обвинетите живееле во Рочдејл, двајца во Олдам и еден во Крампсал. Судот им изрече казни од 12 до 35 години затвор, иако сите обвинети негираа вина, соопшти британската обвинителска служба во најновото судење поврзано со повеќегодишен скандал со група силувачи, т.н. grooming gangs.

Истрага од 2014 година утврди дека најмалку 1.400 деца биле сексуално искористувани во Ротерам, на северот на Англија, во периодот од 1997 година и 2013 година. Според извештајот, голем број од сторителите биле лица со пакистанско потекло. Локални официјални лица честопати избегнувале да го истражат етничкото потекло на сторителите поради страв од тензии во локалната заедница или обвинувања за расизам, наведува Ројтерс.

С.Д.

Фото: gmp.police.uk (полиција на Манчестер)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе