Од денеска ќе нема сигурно место на руска територија, нашето оружје ќе допре до било кој нивни објект, рече шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха на маргините на безбедносниот форум во Варшава. Ваквата негова порака доаѓа по изјавите на специјалниот пратеник на претседателот на САД за Украина, Кит Келог дека Доналд Трамп одобрил украински напади со проектили со долг дострел на територијата на Русија. пренесе агенцијата Укринформ.
„Украина ја брани својата независност, заснована на правото на самоодбрана, согласно член 51 од повелбата на Обединетите Нации. Русија од денеска и во иднина мора да сфати дека ќе нема сигурно место за нив, како и дека украинското оружје и војска ќе допрат со секој воен објект на нивна територија“, рече Сибиха.
С.Д.
