Вести Македонија Најважни

Се зголемува бројката на средношколци во Штип кои имале симптоми на труење, откако на голем одмор јаделе сендвичи

Се зголемува бројката на средношколци кои имале симптоми на труење, откако на големиот одмор јаделе сендвичи од блиската синдвичара-киоск. Од Центарот за јавне здравје-Штип потврдуваат дека бројката на ученици кои се симптоми на труење е петнаесет.

Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова изјави дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.

„Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во однос на начинот на спремање на храна, складирање, чување на храната, на лице место тоа е спроведено. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен предглед им е направен и плус се земени мостри од храна за испитување“, вели Живкова.

Објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарев инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Живкова додава дека денеска ќе се изврши и дезинфекција по биолошки индикации и механичко чистење на сендвичарата-киоск.

Мајка на дете кое по труењето пред три дена заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете симптомите ги добило по консумирање на сендвич со пилешки стек и компири.

Во текот на вчерашниот ден Агенцијата за храна и ветеринство информираше дека по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини.

По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе