Холандскиот ловец на дронови со мрежа ги фаќа малите беспилотни летала кои се наоѓаат на место каде не треба да бидат.
По хибридниот напад во Данска кога поради дронови со часови беше прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Копенхаген, европските држави се соочуваат со проблем дека не користат средства за заштита од дронови кои се користат како хибридна закана.
Холандските новинари по истражувањето објавија дека државата не е подготвена за тој тип напади иако имаат неколку развиени анти дрон апарати како бипери за регистрирање или детектори кои ги откриваат беспилотните летала.
View this post on Instagram
