Вести Свет Топ вести

Непознати дронови забележани над најголемата воена база во Данска

Данската полиција соопшти дека синоќа биле забележани еден или два непознати дрона над воздухопловната база Каруп — најголемата воена база во земјата. Инцидентот се случил околу 20:15 часот и траел неколку часа.

„Не ги соборивме дроновите“, изјави полициски претставник, без да открие повеќе детали.

Во последните неколку денови, дронови се пријавени над неколку цивилни и воени објекти, што го натера властите привремено да го затворат данскиот воздушен простор од безбедносни причини.

Данската премиерка Мете Фредериксен претходно ги поврза овие настани со можна руска активност со дронови низ Европа, но не презентираше докази.

Руските власти категорично ги негираа овие обвинувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе