Вести Македонија Топ вести

(видео)Јаневска во ВИН ВИН: Ги модифицираме студиските програми дел од нив дефинитивно ќе треба да се стават во мирување

Министерството ги затвори 14-те научни институции кои не беа регистрирани според називот. Заедно со одборот за акредитација jа затворивме и стручната школа која се вика Факултет за бизнис и економија, рече во вечерашната емисија Вин Вин, министерката за образование Весна Јаневска.

Според неа мегаломански се раширени високо образовни институции во државата, но таа убедена дека идејата била со добра намера околу дисперзираните студии.

„Важно е да признаеме дека моделот е неуспешен и во овие 15 месеци тоа го направивме. Идејата била дека конкуренцијата ќе го подигне квалитетот“, рече Јаневска.

  • Во иднина ќе ги подигнеме критериумите за избор на професори кои мора да имаат и научен, истражувачки и образовен „бекграунд“, како и интегритет. Ова го кажувам за јавните, а приватните ќе си ги затвораме еден по еден како што ќе си заслужат или јас пак се надевам дека по урнек на овие институти, кога почнавме да ги контролираме и затвораме првите, дел од нив сами си се затворија.

Таа најави модифицирање на студиските програми „дел од нив дефинитивно ќе треба да се стават во мирување, факултетите ќе ги променат наставните програми ќе мора да ги модернизираат затоа што мора да бидат атрактивни за младите. И не само да бидат атрактивни туку да бидат и употребливи на пазарот на трудот“, смета Јаневска.

Очекува до почетокот на следната година на крајот на февруари да има нов закон за високо образование, нов закон за научно-истражувачка дејност и нов закон за Агенцијата за квалитет во високото образование.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе