Вести Македонија Топ вести

Мицковски најави правни механизми за корумпирани судии и обвинители по локалните избори

По робусните акции премиерот Мицковски најави серијал за работата на судии и обвинители. Повтори дека е против зголемување на платите на судиите и обвинителите но, причината биле мал дел од кои вели се генератори на корупцијата наместо да се борат против неа.

  • „Ќе почнеме еден цел серијал на случаи како суделе поедини судии и како обвинувале поедини обвинители. Јавноста нека суди дали тие заслужуваат, па да кодошат таму по Брисел и каде одат дека Владата не им ги зголемува платите. Но, со овие судии и обвинители, ќе повторам, да не бидам погрешно сфатен, неколкумина коишто се последниот бастион во одбрана на поранешната Влада на СДСМ И ДУИ, правдата е невозможна. Затоа после локалните избори ќе ги најдеме сите правни механизми, без разлика какви и да се критиките, мора да имаме обвинители коишто обвинуваат и судии коишто судат според Закон и Устав“, рече Мицковски.

Според математиките на власта  со законите кои се договорени со Брисел. Во 2028 буџетот на судството и обвинителство ќе треба да биде 260 милиони долари сума добиена како 1,3 проценти од БДП.

Државата веќе се има обврзано дека тоа е буџетот, не што го заслужуваат,  туку што е неопходен за оптимално функционирање на судскиот систем, смета Дарко Аврамовски, од коалицијата сите за правично судење. Една од клучните законски измени за финансиската независност е да не се бара одобрение од Министерството за финансии за да се користат средства и да се вработува судска администрација како што Собранието има самостоен буџет, вели Аврамовски, кој го коментира изјавите на премиерот.

  • „Од друга страна премиерот и Владата генерално треба да се воздржуваат од вакви изјави кои можат да бидат протолкувани како агресивен упад врз судството и независноста, со тоа што се демонстрираат лични перцепции дека тие не заслужуваат нешто што законски сме се обврзале дека треба да им го дадеме. Меѓутоа она што исто така загрижува во целата ситуација, а што е констатирано и во ова истражување, е што не видовме некаков координиран и воедначен организиран одговор од страна на судската власт за да ги одбијат ваквите напади, ваквите обиди да се прикажат во многу лошо светло кое очигледно политичарите со години наназад ги користат. Нашите судови и судии се свесни дека тоа е еден од главните проблеми кои влијае на намалување на нивната доверба и репутација во јавноста, меѓутоа сеуште гледаме дека нивниот инстинкт да се затворат и да бидат практично невидливи“ – Дарко Аврамовски, Коалција сите за правично судење.

Здруженијата на судии и обвинители, експертската јавност, но и во  реформската агенда стои дека судскиот буџет во земјава е значително понизок во споредба со другите земји во регионот.

Владата пак прави компаративна анализа за да го убеди Брисел дека процентот за правосудството треба да биде понизок.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе