Вести Свет

Купер: Русија ризикува директен конфликт со НАТО

Шефицата на британската дипломатија Ивет Купер предупреди дека руските упади на територијата на НАТО ризикуваат вооружен конфликт, предизвикувајќи осуда од Москва, која ги отфрли европските загрижености како неосновани и хистерични.

Соочувајќи се со Русија на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, британската министерка за надворешни работи рече: „Вашата неодговорна акција ризикува директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. Нашиот сојуз е одбранбен, но немојте да бидете во илузија дека сме подготвени да го браниме небото и територијата на НАТО алијансата“.

-Ако мораме да се соочиме со авиони кои се во просторот на НАТО без дозвола, тогаш ќе го сториме тоа, рече Купер.

Естонија во петокот соопшти дека три руски борбени авиони МиГ-31 навлегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и таму останале вкупно 12 минути пред да бидат принудени да се повлечат, во епизода што западните претставници ја опишаа како тест за подготвеноста и решителноста на НАТО.

Советот за безбедност се состана вчера за да разговара за ова прашање. Консултациите со НАТО треба да се одржат денеска. Инцидентот се случи нешто повеќе од една недела откако 19 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, принудувајќи ги авионите на НАТО да соборат некои од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе