Вести Македонија Најважни

Криминална група осомничена за уништување 6.000 хектари шума во Малешевскиот регион

Петнаест лица се осомничени за пустошење шуми во Малешевскиот регион. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп.

Во текот на 2025 година, двајца вработени во фирма и полициски службеник формирале група со цел стекнување противправна имотна корист преку злоупотреба на службената положба и овластувања, давање и примање поткуп, како и пустошење на шумите. На оваа криминална група им се приудржиле вработени во различни институции (Министерството за внатрешни работи, ЈП Национални шуми подружница Малешево, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица). Овие 15 осмничени опостошиле шума со површина од 6.000 хектари.

„Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист. Групата била дополнително поддржана од полициски службеници кои не презеле мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли, што им овозможило да го продолжат своето криминално дејствување“, се вели во соопштението од ЈО ГООК.

Истрагата покажува дека осомничениот раковоодите на ЈП Национални шуми – подрачно одделение Малешево ја одобрувал нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата што биле користени за извршување на кривичното дело.
Раководителот на ЈП Национални шуми во август и септември примил поткуп во вкупен износ од 6.100 евра со цел да дозволи нелегална сеча на дрвна маса, и тоа пред да биде објавен јавен повик за опожарена дрвна маса.

„Во текот на вчерашниот ден со цел да не биде откриено кривичното дело и сторителите осомничениот началник известил припадник на групата дека полицијата ќе постапува за откривање на кривичното дело, по што осомничениот припадник го информирал организаторот кој понатаму со цел прикривање на трагите на кривичното дело и предметите ги известил лицата кои што вршеле нелегална сеча во атарот на с. Двориште да го “чистат“ теренот по што истиот самиот се упатил на местото каде што бил пресретнат и фатен на лице место“, се додава во соопштението. 

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите за притвор, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе