Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра
На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра, соопшти МВР.
Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Седумдесет и деветгодишна тетовка пријавила во СВР Тетово дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Како што информираат од МВР, според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди… Продолжи со читање













