Ноќеска гореше авто сервис во населбата Каменик, близу скопската населба Пинтија.
На снимките од безбедносните камери се гледа маж којшто скока преку оградата истура бензин и потоа бега.

Пределот е густо населен, има далновод има во близина и избегната е поголема трагедија по брзата интервенција на против пожарните екипи.
Пожарот се разгорел околу 4 часот утрово, а интервенирале осум противпожарни возила.
Дел од против пожарните возилата во текот на ноќта пристапиле од околните ниви преку земјен пат.
Срѓан Стојанчов во живо се јави за Вестите на Телма во 12:30 часот.

Пожар изби рано утрово во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во населбата Каменик. Во сервисот имало автомобили, масло и запаливи материјали информираат надлежните. Пожарот се разгорел околу 04 часот утрово, а интервенирале осум противпожарни возила од Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот бил целосно изгаснат околу 06 часот. Според надлежните, нема информации за… Продолжи со читање













