Вести Свет

НАТО ќе го засили своето источно крило, по соборувањето на руските дронови над Полска

Неколку земји членки на НАТО ќе испратат трупи, артилерија и системи за против-воздушна одбрана, за да го обезбедат источното крило на Алијансата, по тоа што Полска го нарече руско нарушување на својот воздушен простор без преседан.

Во среда, во раните утрински часови, три руски дронови беа соборени откако влегле во Полскиот воздушен простор.

Повеќе други дронови, се урнале и подоцна биле пронајдени во источна Полска.

Полска побара инцидентот да биде разгледан на седница на Советот за безбедност на ОН, која ќе се одржи утре во 21 часот по централно европско време.

Како одговор на влезот на дроновите, Холандија и Чешката република соопштија дека ќе испратат одбранбени системи во Полска, додека Литванија ќе прими бригада од Германија и засилен систем за предупредување од Руски напади на Украина, кои би можеле да преминат на територијата на оваа држава.

Германија исто така соопшти дека „ќе го интензивира својот ангажман по должината на источната граница на НАТО“ и ќе ја продолжи и прошири контролата на воздушниот простор на Полска.

Во своето обраќање пред пратениците, министерот за одбрана на Полска, Владислав Косинјак-Камиш ги спомена понудите од партнерите на земјата во НАТО, информирајќи дека Холандија ќе распореди системи за против-воздушна одбрана, артилерија и 300 војници, додека Чешка ќе испрати хеликоптери и 100 војници.

Исто така, тој информираше дека Франција и Велика Британија би можеле да распоредат борбени летала за да го засилат источното крило на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе