Вести Свет

„Никогаш нема да ја извадам таа слика од главата“: Сведоци го опишуваат моментот кога Чарли Кирк бил застрелан

Присутните на настанот на универзитетскиот кампус каде што американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше смртно застрелан вчера, опишаа масовна паника откако се слушнале истрелите.

Кирк, 31, беше убиен откако беше погоден во вратот од куршум за кој властите веруваат дека е испукан од покривот на блиската зграда.

 

Влијателниот човек и близок сојузник на Доналд Трамп им се обрати на околу 3.000 луѓе на неговата „Американска турнеја за враќање“ на Универзитетот во Јута Вали.

Снимките од социјалните мрежи го покажуваат Кирк како зборува за насилство со оружје неколку моменти пред да биде застрелан.

„Јас и моите пријатели се забавувавме, слушавме што се случува, а потоа го видовме тоа – слушнавме гласен крик, голем тресок, а потоа го видов неговото тело како всушност паѓа во забавена снимка“, изјави очевидец.

„Седев таму и го снимав, го исклучив видеото и тогаш го слушнав истрелот“, рече тој.

„Не сфаќате веднаш што се случува сè додека не се случи. Чарли паѓа од столот во еден миг и сите почнуваат да паничат, изјавува очевидец кој бил на местото на настанот.

„Беше ужасно“,  „Сè што слушав беше врескање, гледав луѓе како трчаат и си мислев: „Не е безбедно да се трча, не е безбедно да се стане“… И само постојано си  велев: „те молам, Боже, те молам, Боже, не сакам да умрам“, вели очевидец.

По нападот, студентите биле заклучении не можеле да се вратат во своите станови до раните утрински часови, додека напаѓачот сè уште е во бегство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе