Вести Најважни Свет

Трамп: Радикалната левица е виновна за атентатот врз Чарли Кирк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во видео-обраќање од Белата куќа, ја обвини „радикалната левица“ за, како што изјави, „атентатот врз Чарли Кирк“ – негов близок соработник и политички сојузник.

„Овој монструозен чин е директен резултат на годините на омраза, навреди и демонизирање на патриоти како Чарли од страна на левичарските екстремисти,“ рече Трамп.

Тој го нарече Кирк „мaченик за вистината и слободата“ и вети дека ќе бидат откриени сите што придонеле за овој напад.

Обраќајќи се од Овалната соба, Трамп повика на прекин на говорот на омраза и политичкото насилство, посочувајќи дека радикалната левица е виновна и за други напади, вклучително и обидот за атентат врз него минатата година во Пенсилванија.

Белата куќа досега не даде дополнителни детали за напаѓачот или околностите на убиството.

Чарли Кирк, конзервативен поддржувач на Трамп, смртно застрелан на кампот на Универзитетот Јута

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе