Најмалку 10 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во судир меѓу твоарен воз и двокатен автобус северозападно од Мексиско Сити. Судирот кој се случи рано утринава во индстиска зона со магацини ги затвори патиштата, бидејки властите се уште работат на местото на несреќата, а обинителството отвори истрага. Официјално не се познати причините поради кој се случила несреќата. Повредените се префрлени низ повеќе болници низ државата
Товарен воз удри во двокатен автобус на премин северозападно од Мексико Сити рано утринава при што. Судирот се случил во индустриска зона со магацини и околу 130 километри северозападно од Мексико Сити. Агенцијата за цивилна заштита на државата Мексико преку X соопшти дека властите сè уште работат на местото на несреќата, а канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека отворила истрага. Локалните медиуми објавија дека повредените биле однесени во болници низ целата држава.
„Сестра ми и нејзината снаа беа таму. Сестра ми си замина, можеше да се движи. Ми рече дека веќе е во болница. Она што сега го сакаме се информации, да ни дадат информации. Што ќе се случи со починатите, бидејќи оние што се тука се починати, другите веќе се однесени во болница, па не можеме да се движиме оттука“, рече Ребека Миранда, роднина на повредени во несреќата.
Алберто Максимино де Хесус, 50-годишен работник, се упатувал кон Мексико Сити на работа кога возот удрил.Неговата сопруга Флоренсија де Хесус Сабино за медиумите изјави дека тој веднаш по несреќата ѝ се јавил.
„Го кренав телефонот и ми рече: „Малечко, имавме несреќа, воз нè прегази“, а потоа не можеше повеќе да зборува.“Не знаев што да правам во тој момент, се исплашив и се загрижив и само го молев мојот Бог да биде добро, а потоа ми се јави и повеќе не добив никаков одговор од него“, изјави Флоренсија де Жезус Сабино, сопруга на повредениот Алберто.
Официјално како се случила несреќата не е соопштено, иако видео материјалите објавени од локалните медиуми прикажуваат автобус кој стои во место на необезбеден премин, во услови на забавен сообраќај, пред да се обиде да ги помине железничките шини.
Момент потоа, брзиот воз удира во автобусот. Според најновиот извештај на Агенцијата за регулирање на железничкиот транспорт на Мексико објавен во септември, несреќите на премините се најчести и имаат тренд на зголемување во последните години.Минатата година имало 800 во споредба со 600 во 2020 година, се вели во извештајот.Документот не вклучува колку жртви биле вклучени во несреќите.
Кристина Кузмановски
