Вести Свет Топ вести

Солзавец и шок бомби на протестите во Нови Сад

Академскиот пленум во Србија го повика претседателот Александар Вучиќ , веднаш да поднесе оставка поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата. По полициската брутаност на синоќешните протести во Нови Сад, студентите велат дека бил  „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните кои протестираа

„Режисер на овој настан е, како и секогаш досега, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што го докажа со синоќешниот настап на прес-конференција, каде не можеше да ја скрие насмевката и среќата поради полициската бруталност и насилството врз граѓаните“,истакнува Академскиот пленум.

 Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад е мирно, по синоќешните судири кога полицијата со солзавец и шок бомби ги растера студентие и граѓаните кои бараа предвремени избори.

Полицијата приведе студенти, кои со марици беа однесени во полициската станица „Стар град“, а уапсен беше и еден лекар кој бил дел од медицинскиот тим на студентите.

Граѓаните се засолнија во Ректоратот откако полицијата интервенираше со голема количина солзавец, се нафрлила врз илјадници мирни демонстранти кои бараа слободни избори и правда по месеци демонстрации против автократското владеење на претседателот Александар Вучиќ. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во Клиничкиот центар во Нови Сад има повеќе повредени полицајци отколку граѓани, упати порака дека на никој нема да му биде дозволено да напаѓа полицајци без да добие казна.

Полицијата е жртва на бруталното однесување во последните неколку месеци. Очигледно е дека целта на тие собири е напад на полицијата. И затоа сакам на сите да им порачам: Никој нема право и на никој нема да му биде дозволено без казна да ја напаѓа полиција, изјави Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи на Србија.

 Граѓаните и студентите на Србија пак бараат што е можно побрзо предвремени парламентарни избори, бидејки како што велат доста им е да живеат во катастрофа.

Тука сме да ги поддржиме студентите и очекуваме предвремени парламентарни избори што е можно поскоро, како што бараат студентите. Тоа е единственото барање засега бидејќи тие не исполнија ниту едно барање претходно, изјави Жељко Миладинович, демонстрант.

-Тука сме поради избори, поради институциите и поради оваа ненормалност во која живееме. Доста ни беше, сакаме ова да престане и да се вратиме во нормалниот живот. Ова е неподносливо. Ова е катастрофа. Ова не е живот. Сè запре поради еден човек. Каде е крајот на ова?, кажа Јелена Перенчевич.

И утрово  полицијата сè уште е на кампусот во Нови Сад и е стационирана пред зградата на Филозофскиот факултет и зградата на Ректоратот. Студентите кои беа приведени во Ректоратот се ослободени во текот на ноќта, додека таткото на една студентка е приведен до 48 часа. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги критикуваше „дел од судиите и обвинителите во Србија“ дека не си ја вршат работата и дека биле „платени од странство“ за да ги ослободуваат притворените студенти и граѓани за време на протестите. Студентите, прво почнаа со протести по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на први ноември 2024 година, при што загинаа 16 луѓе, потоа тие прераснаа во масовни протести на граѓаните кои бараат промена на власта.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе