Цвеќиња и свеќи и денес остануваат на местото каде што се случи тешката несреќа со фуникуларот „Елевадор да Глориа“ во Лисабон, при што загинаа 17 лица, а 21 беа повредени.

Несреќата се случи во средата навечер, кога преполниот фуникулар, класифициран како национален споменик, излета од шините и удри во зграда на кривина во стрмниот дел на центарот на градот.
Меѓу патниците имало и туристи и локални жители.

Истражуваат повеќе институции, а премиерот на Португалија, Луиш Монтенегро, трагедијата ја нарече „една од најголемите во поновата историја на земјата“.
Властите не откриваат дали причина за несреќата е дефект на кочниците или кинење на кабелот.

Синоќа во црквата „Свети Доминик“ во Лисабон се одржа мисa во чест на жртвите, на која присуствуваа и претседателот Марселу Ребелу де Соуза и градоначалникот Карлуш Моедаш.
Истражувачкиот оддел за железнички и воздушни несреќи заврши со анализата на остатоците и најави прелиминарен извештај до крајот на денот. Ѓ
Полицијата очекува својот прв извештај да го објави во рок од 45 дена.
