Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс директорот на АНБ го повика сегашниот Христовски да ги декласифицира документите со цел македонската јавност да дознае кој прислушкувал

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски го повика сегашниот директор Бојан Христовски да ги декласифицира документите со цел македонската јавност да дознае кој предлагал, барал, одобрувал и кој извршувал наводни прислушкувања.

По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, но и потврдата на Христовски дека претходното раководство на АНБ вршело наводни злоупотреби на државни ресурси за прислушкување на политичари, бизнисмени и новинари, Димовски денес преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше дека се изнесени сериозни обвинувања.

Во периодот од 2019 до 2022 година, кога лидерот на тогашната опозиција (сега премиер) бил споменуван како таргет, АНБ не спроведувала никакви оперативни мерки против него. „Тој не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, ниту пак бил дел од организирана оперативна работа,“ наведува поранешниот директор.

Во тој период Агенцијата водела постапки единствено во рамки на законските надлежности за преиспитување на безбедносни сертификати, при што била поднесена и кривична пријава против тогашен и сегашен пратеник поради оддавање класифицирани информации.
Димовски дополнително додаде дека случајот бил ставен на дневен ред и во собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање.

„Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот “класифицирани информации со степен на државна тајна”, посебно после последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници“ напиша екс директорот на АНБ Димовски.

Mицкоски: Глодарите да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки

По „Големото уво“ од доцните деведесетти и масовното прислушување во годините меѓу 2010 и 2016, Македонија се соочува со прашањето – дали пред неа се отвора нова шпионска афера?Вечерва, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во времето на минатата власт биле следени не само тогашниот лидер на опозицијата, туку и бизнисмени и новинари. „Очекувам овие глодари… Продолжи со читање

telma.com.mk

Поранешниот директор на АНБ утре најави одговор за сите обвинувања

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, најави за утре одговор на сите обвинувaња. Тој се огласи по повод наводите изнесени претходно на брифинг во АНБ, а потврдени вечерва од страна на премиерот, дека додека раководел со институцијата се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, на денот на… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2