Вести Најважни Свет

„Опседнат со идејата да убива деца“ – Додека се молеле во црква близу училиште во Минеаполис биле застрелани

„Опседнат со идејата да убива деца“ вака го опишува полицијата лицето кое влезе во црква близу училиште уби две малолетни деца, повреди уште 18, а потоа oд прострелните рани кои си ги нанел сам починал.

Во американската држава Минесота, во градот Минеаполис 23-годишниот Робин Вестман отвори оган врз ученици кои во моментот се молеле во црквата „Благовештение“. Според истрагата, напаѓачот користел три легално купени огнени оружја и испукал десетици куршуми низ прозорците на училиштето. На местото е пронајдена и димна бомба.

Сведоците ги опишуваат сцените како хорор филм и дека никогаш нема да ја заборават глетка каде ранетите деца бегале од црквата, молејќи за помош.

Родителите на загинатите деца ја изразија својата скршеност и болка и повикаа на итна акција за да се запре насилството со оружје.

„Ниедно семејство не треба да трпи ваква болка“ рекоа семејствата.

Шефот на полицијата Брајан О’Хара изјави дека напаѓачот „повеќе од сè сакал да убива деца“, додека градоначалникот Џејкоб Фреј побара воведување забрана за оружје за напад и шаржери со голем капацитет. Властите велат дека убиецот дополнително оставил порака со говор на омраза, но и дека конечниот мотив можеби никогаш нема да биде познат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе