Вести Македонија Најважни

Приведени седум лица во акцијата на Финансиска полиција за нелегална продажба на нафта

Седум лица се приведени, а едно лице не е достапно на органите на прогонот за нелегална продажба на нафта во рамки на акцијата на Управата за финансиска полиција и на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и со асистенција на тигрите. Во текот на денешниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител биле извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино.

„Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период“, соопшти Управа за финансиска полиција.

Телма дознава дека претреси се извршиле на 8 локации, а предмет на истрагата се 13 луѓе и 10 фирми. Се гонат за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење на пари. Тие продавале нафта  во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет во фирмите преку фиктивини фактури и притоа барале и поврат на ДДВ. Направената штета на буџетот на државата се проценува на околу 7 милиони евра.

Извори за Телма велат дека дел од истрагата е фирмата Крон- Оил од Никуштак, Липково. Според податоците на Бизнис мрежа, може да се забележи дека Крон- Оил има пет подружници, односно неколку бензински пумпи. Во Никуштак под истото име како и фирмата Крон- Оил, потоа Чучер Сандево под името Беса петрол и во Гази баба, бензинска пумпа Б петрол.

Крон- Оил е формирана во 2011 година. Дејноста и е трговија на мало co моторни горива и мазива. Сосптвеници на фирмата се Бесник, Фатмир и Фаредин Синани. Фирмата лани имала приходи од 11 и пол милиони евра и за 3,4 проценти повеќе од претходната 2023 година. Годината ја завршила со добивка од речиси 667 илјади евра.

Инаку Бесник Синани е сопственик и на Беса Транс Гроуп од Липково која се бави со товарен патен транспорт. Фаредин Синани пак е директор на фирмата. Предистрагата на Финансиската полиција траела повеќе од 2 година.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе