Нуклеарната централа во Курск и нафтен терминал во пристаништето Уст Луга во областа Ленинград беа меѓу неколкуте енергетски капацитети што беа погодени во воздушните напади што ги изведе Украина во текот на ноќта, тврдат руски официјални претставници, пренесуваат светските медиуми.
Во нападот на нуклеарката во Курск, во близина на руско-украинската граница, оштетен е помошен трансформатор, што доведе до намалување на оперативниот капацитет за 50 отсто, додаваат тие.
Нападот мина без повредени и жртви, а пожарот бил набрзина изгаснат. Нивото на радијација во постројката и околината не ги надминува дозволените граници, објави прес-службата на нуклеарната централа.
Fire Breaks Out At Kursk Nuclear Plant | Kyiv’s Drone Shot Down#RussiaUkraineWar #WIONOriginals pic.twitter.com/UN4pU1gqPH
— WION (@WIONews) August 24, 2025
Пожарот избувна и на терминал на нафтената компанија Новатек во Уст Луга во областа Ленинград по нападот со украински дронови, соопшти началникот на областа, Александар Дрозденко. Станува збор за голем комплекс на Балтичко Море за преработка и извоз на нафта и нафтени деривати на меѓународните пазари. Според Дрозденко, над пристаништето се урнати околу 10 украински дронови и во тек е гаснење на пожарот.
