Вести Свет Топ вести

Кина подготвена да испрати мировни сили во Украина – ЕУ загрижена од намерата на Пекинг

Кина изрази подготвеност да испрати мировници во Украина, под услов мисијата да биде одобрена од Обединетите Нации, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на извори од Европската Унија запознаени со деталите.

Таквиот став на Пекинг наиде на поделени мислења во Брисел. Додека едни сметаат дека поддршка од земјите од Глобалниот југ би можела да помогне во промоција на идејата за мировен контингент, други изразуваат загриженост.

„Постои опасност дека Кина, првенствено, ќе настојува да шпионира во Украина и да заземе отворен проруски став, а не неутрален во случај на коофликт“, изјави дипломатски извор од ЕУ за „Велт“.

Дополнителен проблем за ЕУ ​​е тоа што повеќето земји се двоумат да одобрат мисија со мандат на ОН од различни причини, додадоа изворите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека е исклучена каква било сериозна дискусија за безбедносните гаранции за Украина без учество на Русија, а можеби и на Кина.

Според „Велт“, Европската Унија во моментов е најзаинтересирана за обезбедување итен прекин на огнот или евентуален мировен договор, со можност за користење на беспилотни летала за следење на спроведувањето на прекинот на огнот.

Според соопштението на Г7, безбедносните гаранции вклучуваат обука на украински војници, снабдување со оружје, помош во изградбата на одбранбена индустрија, разузнавање, санкции, економска соработка и постепено пристапување на Украина кон Унијата.

Фото: printscreen/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе