Вести Свет

Руте: Сојузниците на НАТО и Украина работат на безбедносни гаранции за да спречат повторен напад на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на денешната заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, истакна дека сојузниците на Алијансата и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Киев, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне.

Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа, посочи Руте.

Додека Зеленски истакна оти Русија прави се за да спречи средба помеѓу лидерите на Украина, САД и на Русија.

Прашањето за прекин на војната треба да се реши на ниво на лидери, но сега гледаме дека Русите прават се што е можно да ја спречат средбата. За разлика од Русија, Украина не се плаши од никакви средби со лидери. Ние сме подготвени продуктивно да работиме, до максимален можен степен, наведе Зеленски.

Тој изрази надеж дека „партнерите ќе помогнат да се обезбеди барем минимално продуктивна позиција од страна на Русија“.

Треба да ги принудиме да се вклучат во дипломатијата. Потребни ни се навистина силни санкции ако тие не се согласат на дипломатско решение за оваа војна, ако не сакаат да ја завршат. Сметаме на силни (санкции) од нашите партнери, посочи Зеленски.

Зеленски уште еднаш нагласи дека тој и Руте разговарале за безбедносните гаранции за Украина од другите земји, кои, според украинскиот претседател, треба да бидат слични на Член 5 од повелбата на НАТО.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе