Вести Свет Топ вести

Состојбата со гладта во Газа е влезена во најтешка петта фаза

Празните чинии во разрушените хуманитарни кампови во Појасот Газа ја сведочат гладта на 21-от век. Службите на ОН за кризи со храна ја потврдија алармантната состојба во најголемиот град во Појасот Газа. Над половина милион луѓе се изложени на глад. Според извештајот на интегрираната фаза за класификација на безбедност на храната – состојбата со гладта во Газа е влезена во најтешка петта фаза.

Обединетите нации повика на неограничен хуманитарен пристап до Газа.

„Ова е глад во 2025 година. Глад на 21-от век. Надгледуван од беспилотни летала и најнапредната воена технологија во историјата. Овој глад е отворено промовиран од некои израелски лидери како оружје на војната. Глад кој сите го гледаме. Секој е свесен за ова. Гладот ​​во Газа е глад во светот. Тоа е глад што прашува „но што направивте?“. Глад што ќе нè прогонува и мора да нè прогонува сите“ изјави Том Флечер, заменик-генерален секретар за хуманитарни прашања и координатор за вонредни состојби.

До 15-ти август се евидентирани над 240 смртни случаи на глад, од кои половина од нив се деца, а се смета дека бројката е многу повисока, поради тоа што многу од луѓето се убиени додека барале помош. Извештајот дополнително го опишува гладот ​​како „целосно предизвикан од човекот“ за што се потребни итни мерки.

Мајк Хакаби, американскиот амбасадор во Израел кој е долгогодишен противник на формирање на палестинската држава, смета дека европските лидери се едни од главните виновници поради најавите за признавање на Палестина, и дека на таков начин се добива контра ефект за ставање на крај на војната.

„Мислам дека без сомнение, бучавата што ја кренаа европските лидери неодамна, оваа конференција во Њујорк, има контрапродуктивен ефект што веројатно мислам и дека го сакаат. Ако веруваат дека еднострано повикувањето на признавање на палестинската држава како две држави ги зближува, тажната вистина е дека тоа уште повеќе ги оддалечува“ рече Мајк Хакаби, амбасадор на САД во Израел.

Израел го отфрли извештајот и обвини дека тоа се „лагите на Хамас“. Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави мобилизација на 60 илјади резервисти, со што започна офанзивата за целосна окупација на градот Газа.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе