Вести Свет Топ вести

Веднаш да ја поништите одлуката – над 20 земји со осуда кон Израел за планот за населување на Западниот Брег

Планот за населување на окупираниот западен Брег што Израел го одобри вчера е „неприфатлив“ и претставува „кршење на меѓународното право“, се наведува во заедничката изјава на 21 земја, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција.

„Ја осудуваме оваа одлука и бараме таа веднаш да се поништи“, додадоа шефовите на дипломатиите на 21 земја.

Клучниот план за изградба на 3.400 станови на Западниот Брег, територија што Израел ја окупира од 1967 година, предвидува оваа палестинска територија да се пресече на два дела, што оневозможува секаков можен територијален интегритет на некоја идна палестинска држава.

„Мерките што ги презема израелската Влада ја доведуваат во прашање нашата заедничка желба да осигураме безбедност и просперитет на Блискиот Исток“, наведоа министрите за надворешни работи на 21 земја, вклучувајќи ги Канада, Шпанија и Италија.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, исто така, е потписничка на текстот.

Во текстот се повикува израелската Влада да престане со изградба на населби и да ги укине финансиските ограничувања наметнати врз Палестинската самоуправа.

Планот вчера беше осуден и од ОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе