Вести Македонија

Во ДКСК евидентирани се само 1.916 службени возила – функционерите не смеат да ги користат во изборна кампања

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал на Државната комисија за спречување на корупција во рамки на рокот предвиден со изборните дејствија за локалните избори на 19 октомври евидентирани се 1.916 возила пријавени од страна на повеќе институции.

Уште во ноември минатата година од Службата за општи и заеднички работи на Владата најавија дека сите возила на државните институции  на територијата на Македонија, околу 6.500, ќе добијат специјални регистерски таблички во боја, за да се избегне нивната злоупотреба.

Според владината одлука сите службени возила треба да добијат специјални таблички во боја, црвени, најдоцна до 15 септември 2025 година. Предвидено е исто така да се воведе специјален регистар на државните автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило.

 

Рокот за пријавување на службените возила истече пред два дена.

Државни органите, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал требаше да достават податоци за бројот, марката на возилото, година на производство, регистарски број и возна состојба до ДКСК најдоцна до 18 август.

Антикорупциска покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците доколку  некое од правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои расолагаат.

Останува не јасно кои институции и зошто во ДКСК не пријавил околу 4.584 возила ако претходно беше објавено од старна на Службата на општи и заеднички работи дека бројот на службени возила е 6.500.

Службените автомобили ќе добијат специјални регистерски таблички во боја, за да се избегне нивната злоупотреба

Евидентирањето на возилата на институциите се врши со цел тие да не се користат од страна на функционерите и други именувани и избрани лица за потребите на изборните кампањи.

Министерства криеле службени возила, институции вработувале и отпуштале за време на избори

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе