Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните земји ќе ги заострат санкциите кон Русија, доколку претстојниот билатерален состанок меѓу Путин и Зеленски не донесе конкретен напредок.
Во интевју за американската „Ен-Би-Си њуз“, Макрон нагласи дека, во случај на неуспех на трилатералниот формат што го најави претседателот на САД или доколку Москва не покаже подготвеност за „мирен пристап“, Западот ќе нема друг избор, освен да воведе поостри санкции.
„Ако нема напредок на билатералниот состанок меѓу Путин и Зеленски што го најави претседателот Трамп, ако не успее трилатералниот состанок или ако Русија не се придржува до мирен пристап, тогаш ќе ги заостриме санкциите“, порача францускиот претседател.
Макрон додаде дека, според неговите проценки, „Русија моментно не сака да постигне решение за војната“, но истакна дека можеби има „премногу песимистичен став“ по тоа прашање.
